Станко Ѓеоргиев

Од првите свои настапи во јавноста до денес, Станко Ѓорѓиев истрајно чекори по својата лична патека, разработувајќи и збогатувајќи го во бројни варијанти она што го изнесе на својата прва изложба. Презентираните дела се резултат на долг работен процес, на неговиот творечки раст, а сето тоа одбележува творечка личност што секако ќе заземе високо место во македонската современа ликовна уметност.

Интимистичко по својот карактер, сликарството на Станко Ѓорѓиев содржи елементи на мистичното, рационалното и интуитивното. За него сликата е самостоен естетски предмет што овозможува да се изразат состојбите на сопственото битие, внатрешните немири и визии. Така, ја откриваме структурата на неговите размисли и чувства, а длабоко во сликата пулсира неговата сликарска мисла. Делата зрачат со продлабочено траење што нуди немир и возбуда од визуелните претстави, така што ни стилизирањето на податното не го поедноставува податокот, туку, напротив, искажан со ликовен јазик постигнува нови естетски доживувања.

За творешвото на Станко Ѓорѓиев ќе говори г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.