Биенале на нациите

Светот на уметноста се срекава во Венеција

 Биенале на Нациите е дизајниран настан што инволвира современо сликарство, скулптура, графика, видеоарт и керамича уметност на голем светски настан.Целта е да се направи еден пресек на тенденциите и  тековите на современата уметност презентирана од автори од целиот свет.

Сликарот Јордан Манасијески официјален преставник на Македонското современо сликарство на овогодинешното БИЕНАЛЕ на НАЦИИТЕ што се одржува од 16-19 Март во Венеција.

Биеналето на Нациите ке се одржи во престижната палата “Scuola Grande di Santa Maria della Misericordia”.  Селекцијата е на кураторите на Биеналето Франческо Саверио Руссо, Сандро Серадифалко и Салваторе Руссо а подржани од жири комисија  Уметничките критичари Марко Ребуци (Диоцезан Музеј Мантова), Ангело Креспи (критичар и публицист” IL Giornale OFF”) и проф. Лука Беатриче(поранешен куратор на Италијанскиот павилјон на 53 то Венецијанското Арт Биенале).

Заблагодарувајки на поканата Манасијески со задоволство ја прифати честа да биде преставник на Македонската нација каде ке биде изложено делото “Очекување” , а италијанската критика за неговото сликарство ке напише “Сликар чии што визии ги  поставуваат фундаментите на новата современа уметност”.

Како музички гости на евентот се Венецијанскиот Гудачки Оркестар и Италијанската музичка ѕвезда Морган.

Целата организација околу преставувањето на Манасијески на овогодинешното Биенале е на галеријата Букефал која е ексклузивен застапник за неговото сликарство.