Јордан Манасијески единствен преставник од Македонија на Интернационалното Биенале Медитеранео "МеАРТ " во Палермо, Италија

     

 

Од 9 до 12 Март се одржува престижното Биенале за современа уметност со учество од преку 600 уметници од цел свет. Настан организиран од најпознатиот Италијански куратор за современа уметност Паоло Леви и Сандро Серадифалко во соработка со истакнати личности од светот на културата, сликарството, фотографија, и дизајн.

 Посебен дел на Биеналето преставува "Музеј ЛЕВИ".

Паоло Леви автор и куратор на овај фасцинантен културен настан ни преставува  60 избрани  дела од европски и американски автори кои го одбележуваат современото сликарство во почетокот на дваесет и првиот век мегу кои што е избрано и делото на Македонскиот сликар Јордан Манасијески.

Овие дела ке бидат преставени во посебен амбиент избрани низ едно експресивно истражување на современата уметност, со критериум на музејскио-естетски калибар, експлицитно дури и потсвесно, сметајки ги за наследници на содржината на историјата на уметноста.

За нас е многу значаен податокот дека сликарството на Јордан Манасијески како преставник на Современата Македонска уметност  е високо отценето од Италијанската уметничка критика и заслужено го вбројуваат во автори чии дела имаат висока естетска и креативна вредност со музејски критериум.

Од овај настан се очекува да биде изработено печатено издание ексклузивна монографија во која ке бидат презентирани овие селектирани автори кои ги нивелираат тековите на новата современа уметност и оставаат траен печат во историјата на уметноста.

 

Јордан Манасијески се престави со делото "Ти благодариме Мајко за твојот дар"

Слика масло на платно изработена 2017 година.