Награда Микеланџело за македонскиот сликар Јордан Манасијески

Награда Микеланџело за македонскиот сликар Јордан Манасијески

На 10 Декември 2015г. во Палата Кардинал Цеси во Ватикан во присуство на Италијанскиот културен естаблишмент се одржа голема прослава по повод 500 години од изработка на скулптурата Мојсеј од големиот Италијански уметник Микеланџело Бунароти .

 Во таа чест од Италијанскиот уметнички совет  студио за уметничка критика Русо, Ефето Арте и Серадифалко Издаваштво беа наградени современи уметници од цел свет.

  Можеме да бидеме горди што и Македонскиот сликар Јордан Манасијески е еден од нив кој што остава печат во Современата светска Уметност и како што Руссо потенцира Јордан Манасијески е сликар чии што визии ја трасираат базата на Новата современа уметност.!