Јордан Манасијески изложува на 1 Интернационално Триенале во Верона Италија

Јордан Манасијески изложува на 1 Интернационално Триенале во Верона Италија

Јордан Манасијески на 1то Интернационално Триенале во Италија

Од 9 до 12 Јуни 2016г. во Палаекспо Верона се одржа еден од поголемите уметнички настани во Италија 1во Интернационално Триенале за современа уметност.
Учество зедоа преку 500 селектирани уметници од целиот свет  изложувајки уметнички слики, скулптури и дизајн.
Организацијата на настанот беше на највисоко професионално ниво како во изложувањето на делата така и во професионалниот критички поглед на изложените дела,  покриено од повеке интернационални медиумски куки.  
  Секое уметничко дело беше критички анализирано од најголемите Италијански бардови на Уметноста проф. Паоло Леви претседател на Уметничкиот совет, Витторио Сгарби критичар од интернационален  калибар и познатиот историчар на современа уметност проф. Лука Беатриче.
   На ова Триенале беше поканет да учествува и Македонскиот современ сликар Јордан Манасијески,  а изложи дело кое го карактеризира неговиот извонреден и мистичен стил, сликата Приказна за светите простори.
Критиката за неговото сликарство беше на високо ниво што може да се каже дека припага на генерација уметници кои го трасираат патот на новата современа уметност.